Владан Симоновиќ (актер Драган Бјелогрлиќ) е во стапица, оружјето со кое е убиен неговиот стар познанин Боро Керкез (го глуми Тони Михајловски)- ги носи неговите отпечатоци.
Полицијата му е зад петиците, пораката која обвинителката Јована (актерка Хана Селимовиќ) ја пренесува на политичките пријатели на Владан, „За Симоновиќ-нема помош“.
Помладиот Симоновиќ, синот Бојан е во потрага по деловни партнери додека постариот од своите соработници наместо помош добива сопки и пречки.
И во таква состојба, Владан се обидува да биде пред напорната полициска потера по него за да дознае кој стои зад заговорот против „Тајкун“-от.
Новата 5-та епизода од „Тајкун“ е вечерва, во 22:10 на ТВ Телма.