Заштитениот сведок против тајкунот Владан Симоновиќ е мртов и убиен во заседа, на десетина метри од бизнисменот кој само што дозна дека негов поранешен пријател се подготвува да го потпише договорот за сведок на обвинителството.
Поранешната сопруга на тајкунот (сегашна партнерка на убиениот заштитен сведок) е убедена дека Владан го нарачал убиството, а исти сомнежи дели и полицијата.
И вториот соработник на обвинителството против Владан, кртот од Сигма доаѓа од најблиските кругови на тајкунот. Но дали во третата епизода Владан ќе дознае дека неговата љубовна партнерка и вработена во корпорацијата е внатрешниот играч на обвинителството. И зошто се согласила да го кодоши оној што најмногу го сака.
Полицијата истражува и за имотот на тајкунот, но и за жртвите и истрелите кои зачестуваат околу него. Владан пак се обидува да биде побрз од полициската истрага и прв да дознае кој му ја крои судбината.
Во третата епизода од хит-серијата која е вечерва (среда 02.02.2022.) во 22:10 на Телма веднаш по вечерните вести, „Тајкунот“ (го глуми Драган Бјелогрлиќ) ќе се сретне и со своите пријатели и партнери, а ќе има и тежок разговор со штотуку вратениот од Русија Боро Керкез (во изведба на македонскиот актер Тони Михајловски).