Куршумот наместо во телото на „Тајкун“-от Владан заврши во неговиот син Бојан кој само неколку минути претходно дозна дека татко му го назначува за наследник на големата корпорација Сигма.
Хит-серијата „Тајкун“ која се емитува на Телма (од понеделник до четврток во 22:10) почна со неуспешниот обид за атентат, а главниот лик-бизнисмен со сомнително финансиско транзициско минато, веќе се сретна со амбициозна обвинителка која од него бараше соработка во истрагата за финансиски криминал.
Приватниот живот на тајкунот Владан е исполнет со деца од претходно распаднати бракови, поранешни контроверзни сопруги, неговите ќерка и синот кој што е во клинч и почнува да се заканува на младата колешка која што е и љубовна партнерка на главниот лик.
Сето тоа, семејството и работата одеднаш мирниот живот на Владан го претвораат во борба за живот и во реалноста и во бизнисот. Драган Бјелогрлиќ го доловува тајкунот Владан, а во првата епизода, помала ролја бележи и Тони Михајловски кој се враќа од студената Русија директно на семејната слава на својот пријател и бизнисмен.
Во втората епизода која е вечерва (вторник 01.02.2022.) во 22:10 на Телма веднаш по вечерните вести, „Тајкунот“ се обидува да дознае кој е кртот на обвинителството во неговата корпорација, а преку лични врски и сопствена истрага бара и кој се обиде да го убие и го застрела неговиот син кој што го спаси во последен момент.

Заштитениот сведок против тајкунот Владан Симоновиќ е мртов и убиен во заседа, на десетина метри од бизнисменот кој само што дозна дека негов поранешен пријател се подготвува да го потпише договорот за сведок на обвинителството. Поранешната сопруга на тајкунот (сегашна партнерка на убиениот заштитен сведок) е убедена дека Владан го нарачал убиството, а исти сомнежи… Продолжи со читање












