Вести Македонија Топ вести

Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада, една изборна единица или предвремени избори

Пет мали парламенатарни партии ја условуваат натамошната поддршка на новата Влада барајќи во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Доколку тоа не се случи тие повеќе нема д абидат дел од владејачкото мнозинство што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори. Пратениците испратија и писмо до собранискиот спикер Талат Џафери од кој бараат да закаже седница на која ќе се расправа за предложените изборни правила.

Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со  пропорционален модел без изборен праг.

Доколку до 15 април не се донесат измените тие ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори. Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов е разочаран што и покрај консултациите со мандатарот Ковачевски дека изборните правила ќе бидат  дел од владината програма, тоа не се случило.

Овие партии не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите , да зависат и коалицираат постојано со нив. Бараат да се демонтира монополот на четирите партии кои 30 години владеат во државата.

Иако предлог измените на Изборниот Законик се поднесени пред речиси една година , во овој период големите партии преку работните групи не успеаа да ги усогласат ставовите  за изборниот модел. Но овој пат, малите партии се упорни нивната иницијатива да се реализира.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе