Вести Македонија Топ вести

Др. Лазаров најавува затворање на матични лекарски ординации: Фондот не ни исплатил за ноември, но сега не казнува ретроградно за 2019-та година

-Ова веќе не се издржува, коментира матичниот лекар др. Ненад Лазаров од ПЗУ Медика Вера откако матичните примиле известувања за казни од Фондот за здравствено осигурување.

-На цела мака, ФЗО празнично не испореди со парични казни дури и ретроградно и за 2019 година, за лекови издадени на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од 6 месеци и слични небулози и баналии. Истите треба да се платат во рок од 15 дена иако ФЗО ни должи пари за Ноември! Никаква помош цела криза, ова ги прелева чашите, меѓу другото и затоа ќе гледате како затвораме ординации во наредниот период, зошто на никој не му е гајле!, вели др Лазаров.

Тој коментира дека матичните биле повикувани по телефон за да одат во канцелариите на ФЗО за да како што вели Лазаров сами си потпишат “капитулација”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе