Вести Македонија Топ вести

Бројките на заболени од ковид експлодираа – нови 1.964 случаи од направени 7.724 тестови

Нов рекорд во број на заболени.

Од направени 7.724 тестови, регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу во Скопје – 1070, следуваат

Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по  – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево  по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

Дали има недоследности и разлики во ПЦР-тестовите направени во различни лаборатории?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе