Македонија Топ вести

Изгрејсонцето на првиот ден од Новата година група планинари го дочекаа на врвот на Пелистер

На највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер, на 2.601 метар, да се доживее првото изгрејсонце во Новата Година беше предизвик за 34 планинари од целата земја. Но за да не се пропушти раѓањето на денот на оваа височина, потребни се над 6 часа ноќно искачување, па планинарите тргна веднаш после полноќ

Екипата на Телма ја дочека Новата Година во Потпелистерието, каде група планинари ги прават последните подготовки за ноќно искачување кон највисокиот врв Пелистер.

Оваа  лична авантура  на битолчанецот Влатко  Карбалески, реализирана за првпат пред 11 години, стана негова традиција, а низ годините му се приклучуваа и други вљубеници во планината, за годинава групата да биде најголема. Половина час пред полноќ од Битола заминаа кон првата точка на искачување, Инфо центарот на Пелистер, на 1.300 метри надморска височина. Од тука ја започнаа турата наречена „Први на први“.

Иако Пелистер знае да биде суров во ова време од годината, со температура под  -30 и силен ветар, годинава планината ги пречека овие ентузијасти во поблаги услови. Сепак врвот е окован во снег и мраз.

Тоа е мал предизвик за сите планинари, ноќното искачување е малку поразлично од денското. Кога одиме нагоре не гледаме многу околу нас, но кога се враќаме ги гледаме сите убавини , вели Влатко Крбалески, организатор на турата „Први на први“

На 1 јануари за првото изгрејсонце во Новата Година,  стигнаа на највисокиот врв Пелистер,  на пунктот Антена од каде испратија фотографии и видеа.

Планинарите велат, традицијата продолжува, затоа што незаборавно е чувството да  се дочека Новата Година на Пелистер и да се види раѓањето  на денот од  Врвот  од каде  се протега величествен поглед кон   сите четири страни на  светот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Присвоил над три милиони денари од студенти со фалсификување на потврди за извршени уплати – кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово

Sasko Dimovski

ДУИ бара оставка од директорот на Јазичниот инспекторат

Sasko Dimovski

Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе