Вести Македонија

Собранието го игнорира Уставниот суд

Oд средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи дека во Уставниот суд ќе останат петмина судии од предвидените девет. Судот и во моментов функционира без една третина од судиите, што според претседателката Добрила Кацарска, ја отежнува работата, особено кога треба да се гласаат закони со двотретинско мнозинство.

Полн состав чекаат деловникот за работа на Владата, предмети за слободи и права, законот за Јавно обвинителство, законот за процена, одлуката за додатокот на пратениците, ДУП Гостивар, законот за облигациски односи, закон за високо образование и други.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери  уште летово било известен дека на тројца судии им завршува мандатот. Известување му е испратено и во ноември, но одговор нема. Кацарска сепак смета дека не се работи за политички притисок.

Тројцата судии на кои им е истечен мандатот се избрани од собраниската комисија за Избори и именувања, и таа комисија треба да предложи нови. Во моментов комисијата нема претседател. Никој не е избран на местото на Костадин Костадинов, кој стана градоначалник, но Кацарска смета дека нема никакви пречки седница да свика и неговиот заменик. На таа позиција е Јован Митрески од СДСМ, но од него не добивме одговор дали планира да свика седница за ова прашање.

Далиборка Дамјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе