Македонија

Две тела на сопружници пронајдени во паднат автомобил во реката Радика

Маж и жена, сопружници биле пронајдени мртви во автомобил, паднат во реката Радика, покрај патот Маврови Анови-Дебар.

Според СВР Тетово, денес добиле пријава дека во водите на Радика е забележано патничко моторно возило „југо“ со дебарски регистарски таблички, кое најверојатно излетало од патот.

На терен излегле полициски службеници од полициското одделение во Ростуше, а била повикана противпожарната единица и возило на итна помош од Дебар. Откако екипите го извлекле автомобилот во него биле пронајдени две лица без знаци на живот. Утврдено било дека се работи за маж на возраст од 64 години и неговата 60 годишна сопруга од селото Житинани, Општина Центар Жупа.

Од страна на Јавен обвинител и ОВР Гостивар бил извршен комплетен увид, а по наредба на обвинител телата на починатите се предадени на обдукција. Причините и околностите дополнително ќе се утврдуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе