Вести Македонија

Во јануари ќе се соочат македонската и бугарската влада околу ветото

Откако Македонија девет месеци ја чекаше Бугарија да формира влада, сега Бугарија ќе мора да почека Македонија до средината на јануари да го стори истото, па конечно со рамноправен политички капацитет, двете влади да седнат на маса и да ги отворат картите, односно да ги соочат позиции за надминување на ветото.

„Самото тоа по себе дава подобра можност за суштински разговори и надминување на разликите, така што очекувам најавената посета на премиерот Петков да се реализира уште во месец јануари и тоа веќе ќе утврди една динамика, една предвидливост за наредниот период“, вели Османи.

Во таа насока оди и барањето на новата влада во Софија македонското МНР пак да ги испрати своите одговори на бугарските 5+1 барање, а кои шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, пред само еден месец лично му ги врачил на тогашниот шеф на бугарската дипломатија.

Османи кој денеска не сакаше да ги коментира ставовите на Петков по прашањето околу Македонија и рече дека тоа ќе го направи откако лично ќе ги слушне, го изнесе својот став околу барањето на Никола Димитров, какво и да е решени меѓу двете страни да добие зелено светло од македонските пратеници.

За Османи тоа би било излегување од рамката на Договорот за добрососедство и одење по линија на бугарското тврдење дека тој не функционира.

Тој има различно мислење и од она на шефот на државата, Стево Пендаровски, дека нема ризик за земјава ако и не ги почнеме наскоро преговорите со ЕУ. Според Османи, времето не работи во полза на Македонија.

„Јас ќе работам ден за ден доколку се разбира имам можности за тоа, недела за недела без да давам долги рокови коишто би не опуштиле нас овде, коишто би ги опуштиле во Софија и во Брисел. Сметам дека не треба да оставиме простор за да полека ова прашање влезе во замрзнат конфликт“, вели Османи.

Освен надминувањето на спорот со Бугарија, фокусот на МНР во 2022, како што информораше денеска Османи на брифинг за новинарите на крајот од годината, ќе биде и унапредување на стратешкото партнерство со САД, засилување на дипломатската мрежа со пополнување на упразнетите амбасадорски места, но и економската дипломатија и подобри услуги за дијаспората.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе