Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во скопската населба Влае, информираа од МВР за Телма. Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.
Според фотографиите што ги објави веб-сајтот Њуз 24 може да се забележи дека во несреќата се оштетени повеќе возила, а една канделабра со помал билборд е срушена.
Несреќата се случила на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
