Ковид19 Македонија Топ вести

Трајковски: Омикрон сојот во Македонија ќе се појави по Нова Година

Новиот Омикорн сој на коронавирусот сѐ уште не е регистриран кај нас, но откако ќе се појави првиот случај, потребни ќе бидат само 5 недели да стане доминантен и да го истисне Делта сојот. Ваква состојба предвидува професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски од математичко статистичките анализи што редовно ги прави за време на пандемијата и додава  дека можно е Омикрон да пристигне кај нас по Нова година.

Кога би пристигнала првиот случај можеме да зборуваме само преку веројатности. Делта сојот пристигна во државата и започна интензивно да се шири кога беше раширен во околу 100 држави во светот. Омикрон  е раширен во 42 земји низ светот и мали се шансите да дојде во овој месец, но најверојатно на почетокот на јануари ќе биде тука и ќе започне со ширење, вели проф. д-р Дејан Трајковски, Технички факултет во Битола.

Трајковски предвидува дека бројот на заболени од Делта сојот кај нас ќе се преполови за 45 дена и нема да има драматичен пораст, и покрај новогодишните празници и времето на слави што е пред нас. Но, очекува во февруари зголемување на бројот на заразени од Омикрон.

Вистинскиот пораст би го виделе во февруари. Дури и по доаѓањето на Омикрон сојот во прво време тој тивко ќе се шири низ популацијата и  нема да го забележиме големиот број на случаи. Дури кога ќе стане приближно доминантен со 50 процентно учество, тогаш ќе има експлозивен раст на бројот на случај, вели Трајковски.

Трајковски вели дека Омикрон сојот во Јужноафриканската република не покажува поголема смртност кај заболените, поради што не очекува и кај нас поголем број починати од коронавирусот од оние што ги имаме сега. Додава дека иако Западноевропските земји веќе се подготвуваат за Омикрон сојот со порестриктивни мерки, не очекува дека властите кај нас ќе воведат било какви ограничувања.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе