Локални избори 2021 Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од половина од општините во Македонија

По кумановската мртва трка во првиот круг, вториот круг донесе уште една битка за гласови при пребројувањето.

Овојпат во Кочани, каде е остварена најмала разлика и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов победува само со 16 гласа разлика и прави пресврт од првиот круг. Покрај Кочани на контото на ВМРО-ДПМНЕ, со црвена боја се обележуваат и Битола, Охрид, Гевгелија, Ресен или вкупно 20 градоначалници во вториот круг.

Во Скопје и скопските општини ВМРО-ДПМНЕ не освојува ниту едно место, но победници се или нивни партнери или не е СДСМ. Социјалдемократите односно Горан Герасимовски, на крајот го освојуваат единствениот  градоначалнички мандат во скопските општини и тоа во вториот круг.

ВМРО-ДПМНЕ сепак по првоизборниот блицкриг има вкупно 5 или половина од скопските општини, двајца градоначалници по еден цво секој круг освојува ДУИ, Стевче Јакимовски се враќа во Карпош како претседател на Гром, додека Курто Дудуш останува во Шуто Оризари но како кандидат не на СДСМ туку на коалицијата ЛДП/ДОМ.

Во вториот круг СДСМ освојува вкупно 7 градоначалнички места, покрај Центар, и Демир Капија, Пробиштип и неколку помали општини.

ДУИ изгуби во Тетово но победи во Струга и Кичево и во уште 5 општини. Беса го освои Тетово, но и Желино и е на двајца градоначалници. Алијансата го задржа Гостивар, а втората победа е во Врапчиште. И ДПА има една градоначалничка победа во Студеничани.

Поранешни социјалдемократи, сега независни успеаја да ја победат поранешната партија во Куманово и Дебарца. Максим Димитриевски успеа да го симне ореолот на непобедивоста на СДСМ во Куманово.

Кога ќе се сумираат бројките од два круга, ВМРО-ДПМНЕ има 42-ца градоначалници или повеќе од половина, СДСМ спадна на 16, а ДУИ на 10.

По двајца имаат Алтернатива/Алијанса, БЕСА која трчаше соло, и независните кандидати.

Ова е за општините, а градот Скопје формално заврши со независен победник иако суштински силно поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска освои над 118 илјади гласови или за 28 илјади повеќе од досегашниот градоначалник Петре Шилегов. Победила во 7 од 10-те скопски општини, а секаде освен во препасивниот во вториот изборен круг Сарај има добиено повеќе гласови отколку пред две недели.

Во Гази Баба и Аеродром победила со 10 или над илјади разлика, а успеала меѓу два круга и да го дуплира контото во Шуто Оризари каде сега го победила Шилегов.

Поранешниот градоначалник пак има намалување на гласови во вториот круг во 4 скопски општини Газибаба, Бутел, Сарај и Шуто Оризари.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорчев: СДСМ и ДУИ заедно владееа, заедно треба да одат во избори

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе