Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Затворени избирачките места, излезноста до 18 и 30 изнесува 48,62 отсто

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат во вториот круг од Локалните избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Како што информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, гласањето ќе продолжи на неколу избиорачки места, каде што имало прекин на изборниот процес повеќе од еден час. Продолженото гласање ќе биде толку колку што траел прекинот, па така во три избирачки места во Општина Центар гласањето ќе продолжи за 2 часа и 55 минути. На две избирачки места во Сарај ќе продолжи за 2 часа и 45 минути, а на едно уште 2 часа. За 2 часа и 30 минути ќе продолжи гласањето и на едно избирачко место во Карпош.

Според податоците на ДИК, излезноста до 18:30 часот е 48,62 отсто.

Во вториот круг од седмите Локални избори се гласашe за градоначалници во вкупно 44 општини на 2481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1 353 990 избирачи.
Повторување на гласањето за градоначалник и за совет имашe на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски: Нема услови за меѓувладин состанок со Бугарија за Договорот за добрососедство

Дејан Дејан

Битиќи: Владата прави економска бајка додека граѓаните се соочуваат со високи цени и ниски плати

Дејан Дејан

Обвинителот Цветановски за „Телма“: Предметот за „мазутот“ е обемен минатиот четврток добив 60 кутии, сега интензивно работам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе