Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Скопје ќе биде тест за стабилноста на власта

Скопје, Куманово и Тетово ќе бидат клучните општини каде ќе се води битката во вториот изборен круг и од кои ќе зависи натамошното опстојување на власта. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ е во предност а СДСМ во наредниот период ќе се обидува драстично да го подобри изборниот резултат. Политикологот Александар Спасеновски очекува кампањата и реториката на политичките противници  значително да се заострат.

Пресудни ќе бидат гласовите на Албанците, особено во Сарај каде се избрани градоначалник и совет на општината, па неизвесно е дали граѓаните ќе излезат на гласање на 31 октомври.

До крајот на кампањата остануваат уште 8 дена.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе