Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Помалите партии со силна поддршка за СДСМ

„Владеачката коалиција предводена од СДСМ е стабилна“, порачуваат помалите партнери на СДСМ и го повикуваат своето членство во вториот круг да ги поддржи кандидатите за градоначалници од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Демократскиот сојуз повика на масовна поддршка за бројот 12 на гласачкото ливче. ДС цврсто стои на ставот дека коалицијата може заедно да направи пресврт и во вториот круг да обезбеди победа, а со тоа и поддршка на владините политики.

Партијата на пензионерите објави дека нивното учество во владиното мнозинство воопшто не се доведува во прашање. Во име на почнатите и незавршените реформи, интеграцијата и европеизацијата на земјата, нема отстапки од договорот постигнат во рамки на коалицијата.

Поддршка за СДСМ во вториот круг најавија и од Демократската партија на Турците, од каде велат дека владејачката коалиција успеа да ги реши историските пречки на патот кон НАТО и кон ЕУ и се залага за поквалитетен живот на сите граѓани. На ова се приклучува и Демократскиот сојуз на Власите, Сојузот на Ромите и партијата ПЦЕР. Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе со став дека изборите покажуваат сериозно антивладино расположение. Гласовите за опозицијата значат заедничка цел, а тоа е промена на власта и нова иднина на Македонија, изјави Мицкоски по вчерашната средба со помалите партии од коалицијата за „Обнова на Македонија“.

Но, од ЛДП и ДОМ сметаат дека нема потреба да им кажуваат на граѓаните за кого да го дадат својот глас во вториот круг, велат дека гласачите се доволни интелигентни за да одлучат. Сепак, по вториот круг, најавија развор со премиерот Заев за промена на политиката, затоа што граѓаните ја казнија владата.

Милевски: Гласачите се доволно интелегентни за да одлучат за кого ќе гласаат во вториот круг

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе