Македонија Топ вести

Апостол Симовски: Проблемот не е во нивната апликација, туку во интернет мрежата

Интернет конецијата проблем за попишувачите на вториот ден од најголемата статистичка операција во земјава. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, при денешната посета на Тетово, истакна дека проблемот не е во нивната апликација туку во интернет мрежата и очекува што поскоро решавање, со што интензитетот на попишувањето би се зголемил во попладневните часови, со оглед на тоа дека е работен ден.

Вчерашниот ден, пак, поминал без проблеми, вели Симовски. Пописот се одвивал по утврдените протоколи и дека имало мал број на граѓани кои одбивале да се попишат.

На првиот ден од пописот на населението во земјава вкупно опфатени биле 94 975 лица, 28594 домаќинства и 37544 станови. Недостатокот на околу 500 попишувачи во земјава, пак, ќе се надомести со вработени во администрацијата, кои во наредните денови ќе бидат обучени.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе