Македонија Топ вести

ДУИ најавува изборна победа, официјализираше 17 кандидати за градоначалници

Демократската унија за интеграција, по состанок на Генералниот совет на партијата во Гостивар, ги официјализира седумнаесет кандидати за градоначалници и носителот на листата за Советот на град Скопје.

Портпаролот на партијата Бујар Османи изјави дека на состанокот на потесното партиско раководство со кој раководел лидерот Али Ахмети, едногласно е избрана листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.

– Едногласно, Централниот одбор на партијата ја прифати листата предложена од претседателот Ахмети којашто произлезе како резултат на бројни испитувања на јавното мислење и контакт со граѓантеи. Сигурен сум дека ќе излеземе со најдобрата програма на партијата за наредните избори. Состанокот помина во позитивна атмосфера, рече Османи.

Кандидат на ДУИ  во Студеничане ќе биде Ејуп Абази, во Чашка – Суат Шаќири, во Дебар -Хекуран Дука, во Липково – Еркан Арифи, во Врапчиште – Неби Реџепи, во Струга – Рамиз Мерко, во Желино – Фатмир Изаири, во Боговиње – Бесник Емшиу, во Теарце – Нухи Незири, во Пласница – Али Јаоски, во Брвеница – Аркин Јахии, во Сарај – Блерим Беџети, во Чаир – Висар Ганиу, во Кичево – Фатмир Дехари, во Гостивар – Невзат Бејта, во Тетово – Теута Арифи и во Арачиново – Ридван Ибрахими.

Кандидатот за општина Долнени ќе биде одреден наредните денови, а носител на листата на советници на град Скопје ќе биде Ардијан Муча.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе