Вести Македонија Топ вести

Нема слобода за Камчев, останува во притвор, одбиена гаранцијата

Одбиена е гаранцијата од 1,8 милиони евра која бизнисменот Јордан Камчев ја понуди за да излезе од притвор. Кривичниот суд донесе ваква одлука за последната понудена гаранција.

„Кривичниот совет постапувајќи по предлогот на одбраната донесе првостепено решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор и замена за друга мерка за обезбедување присуство се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд Скопје, велат од Кривичниот суд – Скопје.

Претходно Адвоктот на Орче Камчев во предмтот „Плацевите на Водно“ Еленко Миланов рече дека ова е втор обид со понудена гаранција да биде ослободен од притвор и дека тој е единствениот обвинет од случајот кој се наоѓа таму. Здравјето на Камчев е влошено рече Милаов кој побара од судот даја прифати гранацијат бидејчи сумата ја надминува целата фианнсиска штета од 1,3 милиони евра за која обивнитлството ги гони петмината обвинети. Инаку 1,5 милиони евра од гаранцијата е во недвижен имот и 200.000 долари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе