Вести Македонија Најважни

Филипче: Епидемијата може да се победи само со вакцинација

Болниците во Тетово и Гостивар се преполни а слична е состојбата во Кичево и Струга. Тамошните пациенти се транспортираат во Скопје во Ковид центарот во Козле. Министерот Филипче најави дека засега нема да се отвараат нови Ковид центри во клиниките но затоа денеска повторно во функција е ставен вакциналниот центар во Борис Трајковски, овој пат во малата сала. На располагање се девет пункта.

Тука граѓаните може да ја примат првата доза без закажан термин но и да се ревакцинираат

Министерот Филипче пак соопшти дека интересот за вакцинација кај младитеја за се зголемува и досега се вакцинирани 170 илјади граѓани на возраст од 18 до 40 години што е 26 отсто од таа популација. За него бројките на дневна база се охрабрувачки бидејќи стагинараат, но рано е да се каже дека бранот завршува.

Филипче со спротивен став од Лекарската Комора која побара да се воведат национални протоколи за лечење на пациентите заболени од Ковид.

Тој додаде дека најголем дел од пациентите кои починаа во последниот период имале коморбидитети односно хронични кардиоваскуларни и белодробни заболувања.

Трета доза е се поизвесно дека ќе се воведе а во моментов се анализират резултати за да се утврди на колкав временски период по втоарата вакцинација треба да биде аплицирана. Трета доза засега добиваат само пациенти со трансплантација и дијализа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе