Високиот процент на смртност од Ковид 19 во изминативе неколку денови е сериозно загрижувачки. Само во текот на вчерашниот ден 27 пациенти ја загубија битката со вирусот. Доктор Стевановиќ со апел дека вакцинацијата е неопходна, имајќи предвид дека ниту еден од починатитете на Инфективна клиника не бил вакциниран.
Во моментов на Инфективната клиника и во модуларната болница се хоспитализирани 160 пациенти на различна возраст со средно тешка до сериозно тешка клиничка слика. Моќта на вирусот во четвртиот бран со Делта сојот е сериозно силна со потешки клинички слики кај млади луѓе кои претходно немале хронични заболувања.
Вчера кога Македонија имаше 27 починати од Кови19 во Србија имаше 4 починати, Хрватска 2, во Црна Гора 9 лица, Словенија 1 , Босна и Херцеговина 9 починати, додека во Грција со над 10 милиони жители 34 починати, во Бугарија со околу 7 милиони жители во текот на вчерашниот ден починаа 57 лица.
Нина Стефанова
