Вести Македонија Топ вести

Докторите загрижени – младите болни од ковид се со тешка клиничка слика

Високиот процент на смртност од Ковид 19 во изминативе неколку денови е  сериозно загрижувачки. Само во текот на вчерашниот ден 27 пациенти ја загубија битката со вирусот. Доктор Стевановиќ со апел дека вакцинацијата е неопходна, имајќи предвид дека ниту еден од починатитете на Инфективна клиника не бил вакциниран.

Во моментов на Инфективната клиника и во модуларната болница се хоспитализирани 160 пациенти на различна возраст со средно тешка до сериозно тешка клиничка слика. Моќта на вирусот во четвртиот бран со Делта сојот е  сериозно силна со потешки клинички слики кај млади луѓе кои претходно немале хронични заболувања.

Вчера кога Македонија имаше 27 починати од Кови19 во Србија имаше 4 починати, Хрватска 2, во Црна Гора 9 лица, Словенија 1 , Босна и Херцеговина 9 починати, додека во Грција со над 10 милиони жители  34 починати, во Бугарија со околу 7 милиони жители во текот на вчерашниот ден  починаа 57 лица.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе