Македонија Топ вести

Новите рестриктивни мерки го зголемија интересот за имунизација

Зголемен интерес кај граѓаните за вакцинацијa по воведувањето на дополнителните мерки, но и со порастот на новозаразени со ковид 19. Во тетовските вакцинални пунктови дневно се аплицираат околу 2 300 дози, што е речиси двојно повеќе од пред 15-тина дена. Министерството за здравство ги сподели со јавноста препораките од Националниот комитет за имунизација во кои се истакнува дека мали се шансите да се заразат имунизираните лица, како и дека вакцината обезбедува заштита од тешки облици на болеста и смртност. 

Новите рестриктивни мерки со кои се бара сертификат за вакцинација за влез во повеќе објекти, го зголемија интересот кај граѓаните за имунизација. Лицата кои денес се вакцинираа во Регионалниот пункт во салата на Медицинското училиште во Тетово, велат дека мерките влијаеле на нивната одлука да се вакцинираат, но исто така стравуваат за своето здравје, особено поради фактот дека овој регион е втор по бројот на активни случаи со ковид 19.

За да се растоварат гужвите, освен во Регионалниот пункт, процесот на имунизација се врши и во просториите на Здравствениот дом Тетово. Изминатиов период двојно е зголемен бројот на аплицирани вакцини на дневно ниво.

Според препораките на Националниот комитет за имунизација прележувањето на КОВИД 19 не претставува пречка за вакцинација и се препорачува тие да се вакцинираат по месец дена, додека одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата. Кај лицата кај кои во тек на лекувањето дадена е терапија со моноклонални антитела или конвалесцентна плазма, вакцинацијата може најрано да биде по 3 месеци од терапијата и комплетно оздравени од болета. Кај лицата кои во периодот меѓу примање на двете дози од вакцината против КОВИД19 се потврди дека се позитивни, втората доза на вакцината се одложува до период кога лицето ќе биде комплетно оздравено од болеста.

Национален комитет за имунизација: „Лицата кои се комплетно имунизирани (со две дози од вакцината против КОВИД 19, по поминати 14 дена од втората доза) мали се шансите при контакт на вирусот да се инфицираат и да бидат позитивни, но тие се со полесни симптоми на болеста. Вакцината обезбедува заштита од развој на тешки облици на болеста и смртност. Податоците покажуваат дека кај лицата кои се вакцинирани доколку се развијат симптоми, болеста минува многу поедноставно и без тешка клиничка слика.“                                             

Според Националниот комитет за имунизација епидемиолошките податоци на светско ниво покажуваат дека болеста се шири и доаѓа до заболување на лицата кои не се вакцинирани, а во овој бран доминантно тоа се младите лица како популација, кај кои процентот на вакцинација е најнизок.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе