Македонија Топ вести

Нови обвинувања од Бугарија: Белград не ја пушта Македонија во ЕУ?!

Белград ја кочи Македонија на патот кон ЕУ, но и македонската влада не сака државата да влезе во Унијата и постојано наоѓа изговори. Ова го тврди членот на македонско- бугарската комисија за историја, проф. Кирил Топалов, во разговор за бугарска телевизија. Ја обвинува владата на Заев дека всушност се` повеќе го продлабочува конфликтот меѓу Македонија и Бугарија, затоа што тие фактички не сакаат да влезат во Европската унија, а се оправдуваат дека Бугарија не ги пушта.

Топалов обвинува и дека Македонија не го почитува Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан пред четири години, а неодамна изгласаната резолуција во македонскиот парламент, според него, го прави овој договор бесмислен.

Премиерот ги негира обвинувањата. Вели дека, нема поголема стратешка аспирација за Македонија од ЕУ. Додека не се случи тоа, заедно со земјите од „Отворен Балкан“,  прават се` за олеснување на животот на граѓаните.

Следниот состанок на заедничката историска комисија треба да се одржи по втората половина на октомври, но професорот не е многу оптимист дека ќе се постигне напредок. Оптимизмот и од македонската страна е на почек, затоа што се очекува политичка стабилност во Софија за продолжување на разговорите за решавање на спорот, но Бугарија повторно се соочува со нови парламентарни избори. Ова ќе им бидат трети избори  во текот на оваа година, по неможноста ниту една политичка партија да формира нова влада, што го прави речиси невозможен и патот за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе