Македонија Топ вести

ВМРО – ДПМНЕ: Ќе се развива бетонска џунгла во Спортскиот центар „Борис Трајковски“

Според регулацискиот план на Град Скопје усвоен за Спортскиот центар „Борис Трајковски“  ќе се уништува повеќе од 10.000 метри квадратни простор кој се употребува за спорт и рекреација, објави денеска ВМРО – ДПМНЕ.

Еве ги образложенијата кои на прес- конференција ги изложи Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, проектира нов булевар, кој треба да поминува директно низ картинг-центарот и тениските терени, како и терасата на базенот во склоп на СЦБТ. Со оваа улица ќе се уништат повеќе од 10.000 метри квадратни корисна површина. Тениските терени, на пола пресечени со улицата, ќе бидат целосно бескорисни. Овој булевар со стариот ДУП беше уцртан надвор од границите на Спортскиот центар. Заради градежни интереси, а тоа е зголемување на маркицата за градење на соседната парцела, Петре Шилегов вцртува пат директно низ спортскиот центар и директно ги уништува картинг стазата, четирите тениски терени, како и летната тераса на базенот, сите државни објекти сопственост на спортскиот центар со имотен лист. Децата и младите од спортските клубови и од базенот ќе излегуваат директно на прометен булевар.

Второ, Регулацискиот план кој е претставен позади мене прави целосна пренамена на она што ќе остане од тениските терени и картинг-центарот. Иако истите се легални и во сопственост на Република Македонија, тие на сликата обоени со жолто добиваат намена за домување. Повторувам намена за домување. Ве молиме видете ја жолтата боја од мапата на усвоениот план. Таа значи домување. Дали ова значи дека некој ќе си ја зголеми сопствената парцела со државен имот од највисоко значење – спортско значење? На тој простор ќе се градат огромни згради. Бетонска џунгла наместо спорт.

И трето, усвоениот План на Петре Шилегов ја менува и намената на големата спортска арена и базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тие според овој план стануваат објекти од деловна намена, повторувам со деловна намена. Нема повеќе спорт во „Борис Трајковски“, ќе има бизнис и негово свесно уништување. Тоа го докажува портокаловата боја од мапата на регулацискиот план. Арената и базенот на СЦБТ се сега со друга намена, а не со намена спорт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе