Македонија Топ вести

Македонија и Турција ќе потпишат петгодишен договор за воено-финансиска соработка 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска е во еднодневна посета на Република Турција каде ќе има средба со министерот за национална одбрана Хулуси Акар на која во име на владите на двете земји ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка.

Договорот, како што посочуваат од Министерството за одбрана, предвидува годишна алокација на финансиски средства од Турција за Македонија, кои ќе се користат за зајакнување на борбените капацитети, набавка на артилериска опрема и модернизација на Армијата.

На средбата ќе стане збор и за идните планови за соработка во одбраната, едукација, обуки и вежби согласно Договорот за билатерална соработка за 2021 година.

Шекеринска ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија IDEF 21 кој се одржува во Истанбул од 17 до 20 август.

Присуството на саемот IDEF 21 на делегацијата од Македонија предводена од министерката Шекеринска е со цел да се согледаат можностите за набавка на нова опрема во функција на модернизацијата на нашата Армија за што годинава се наменети 25 проценти од буџетот во одбраната, наведуваат од Министерството.

Саемот на одбранбена индустрија на Турција, додаваат, е меѓу водечките во светот каде се претставуваат највисоките технолошки достигнувања во воената опрема. Се очекува на Саемот да учествуваат околу илјада домашни и странски компании и 400 делегации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе