Македонија Најважни

ДКСК-предизборните огласи за вработувања создаваат заложничка ситуација  

Антикорупциската комисија апелира државните институции да ги почитуваат а не да ги заобиколуваат изборните правила, да не се распишуваат огласи за вработување создавајќи заложничка ситуација.Забранета е изградба на нови објекти како и исплата на плати и надоместоци кои не се редовни месечни исплати.

Во Антикорупциската комисија пристигнати се 60 барања од државни институции кои бараат мислење за нови вработувања. Комисијата не може тоа да го направи затоа што нема надлежност  . Ваквата ситуација остава простор за правна несигурнсот. Огласите кои се дадени пред распишувањето на изборите не се забранети, но сепак тоа не е во ред, вели претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска. Во изминатиов период забележани се бројни заобиколувања на правилата и Изборниот законик.

Во перидот кој следи не може да се започне со изградба на нови објекти, училишта, градинки, патишта, водовод, канализација, спортски игралишта. Не смеат да се исплаќаат еднократни трансфери од буџетот кои не спаѓаат во редовни исплати а се  однесуваат на  плати, пензиии и социјална помош како и да с еорганизираат јавни настани за отпочнување со изградба. Антикорупциска го обнови и регистерот на возила на државни органи, локална самоуправа, јавни претпријатија како ефективна алатка во контролата на користењето на службените возила за партиски цели и потреби за изборни кампањи. Ќе се соработува со межународна фондација за следење на изборите за шшто ќе бидат ангажиерани набљудувачи и аналитичари.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе