Македонија

Активни пожари во Сарај, Новаци и Кавадарци

Центарот за управување со кризи попладнево на прес-конференција соопшти дека се уште е активен пожарот кај Сарај, а нови пожари има во општините Новаци и Кавадарци, како и над селото Црвена Вода кон планинскиот дом Китка.

По интервенцијата на двата армиски хеликоптери пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај бил локализиран, но попладнево околу 15 часот повторно е активиран на три места по што е информирана Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Нов пожар околу 14 часот е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума,а друг пожар утрово е забележан и над селото Црвена Вода кон планинарскиот дом Китка.

Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија е се уште активен и се прошири кон висорамнината Витачево кон село Страгово во Општина Кавадарци. На рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт околу четири километри и засега висорамнината Витачево е безбедна. Пожарот е навлезен во шума во селото Барово, во место викано Балдовец, каде што теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување за гаснење  за што се бара и интервенција од воздух, информираше портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.

На овој пожар, како што истакна Вчкова, интервенираат противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе