Увезени од Полска и Франција се нудат во фрижидерите во секоја продавница. Европската унија откри опасна канцерогена супстанца над дозволените граници, а агенцијата за храна и ветринарство нареди да се повлечат од употреба и во земјава.
Три реномирани брендови на сладоледи се опасни по здравјето на граѓаните – бидејќи содржат Етилен оксид повеќе од дозволените граници.
Во земјата ги увезува фирмата Алма – М, а сега ќе мора да ги врати од продажба и да ги врати на производителот или да ги уништи.
„Во инспекциската контрола спроведена од Агенцијата за храна, откриени над 3 илјади литри и над 30 илјади парчиња од овие производи во магацинот на увозникот. На оние граѓани што веќе купиле од овие производи, Агенцијата им препорачува да не го конзумираат туку да го вратат на местото каде што го купиле или да го уништат.“ – велат од Агенцијата за храна и ветеринарство
Токсиколозите предупредуваат долготрајната внесување на Етилен хлоридот може да предизвика рак.
Изминативе денови, во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина веќе имаше слични акции.
Повлечени од употреба се овошниот јогурт на Дукатос и сладоледите сникерс и твикс.
Алармот го вклучи Системот за брзо предупредување за храна на Европската унија поради регистрираниот увоз на небезбедни кондиторски производи кои содржат адитив етилен оксид односно супстанца во вид на гас кој се употреба и како дезефициент во фабриките во Индија.
Павле Беловски
