Пожар избувна попладнево во комплексот згради на поранешниот фабрички гигант Охис, каде е опожарена и административната зграда Биљана. Таа гори, како и тревнатата површина се до малата депонија линдан.
Еден пожарникар, кој бил меѓу првите кои пристапиле да го гаснат пожарот бил пренесен со возило на брзата помош, затоа што вдишал чад. Нема други повредени.
Огнот е локализиран и нема опасност да се прошири кон останатите фабрички капацитети во кои порано се чувале опасни хемикалии, информираше за Телма, заменик командирот на скопската бригада, Ѕвонко Томески кој ја раководи операцијата за гаснење на пожарот.
