Околу 500-тини доброволци – цивили, припадници на ЕБР, на македонските и словенечките пожарникари во моментов се борат против огнената стихија која се шири над селата Вирче и Тработивиште во регионот на Делчево. Огнот се гаси на сите можни начини, со лопати и механизација.
Според нашите информации од терен, огнот веќе се раширил над гробиштата во Тработивиште и се приближува кон селото Вирче.
Вирче е во опасност заради јакиот ветер и дува во различни правци а оддалечен е само 5 км од границата со Бугарија.
Претходно, локализиран е пожарот кај селото Стар Истевник а изгореа и неколку куќи во нов Нов Истевник.
