Силниот пожар кој започна денеска да се шири во близина на делчевските села, Вирче и Тработивиште и натаму предизвикува загриженост кај локалните жители.
Пожарот е се поблиску до гробиштата кај Тработивиште. Во моментов жителите најголема надеж имаат во реката Желевица, која ги дели гробиштата од селото.

Инаку словенечките пожарникари кои претходно активно учествуваа во гаснењето на пожарот се повлекле во Берово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
