Македонија Топ вести

Отказ за неврологот кој ја фотографираше таблата со натпис “дермавенетерологија”

Долгогодишниот невролог, доктор Мирослав Гроздановски, кој пред еден месец ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“, и истата осамна на социјалните мрежи предизвикувајќи јавен потсмев – заработи отказ на три години до пензионирањето, објави Слободен печат. Гроздановски се сомнева дека токму тоа што го објавил е основа да биде отпуштен од работа.

„Пишува дека неоправдано сум изостанал три работни дена, на 26, 27 и 28 јули. Последен ден што бев на работа, беше во саботата на 24 јули. Дојдов во „Букурешт“ додека бев на одмор во петокот и бев блокиран, не можев да влезам во системот. Веќе ме префрлиле на Бит-пазар. Од понеделникот, се разбира, не отидов на Бит-пазар и веднаш ми дале отказ и ме одјавија, така што сега сум невработен доктор специјалист по неврологија на три години пред пензија, вели Гроздановски за Слободен печат.

Директорот на поликлиниката Букурешт, Виктор Исијановски, претходно тврдеше дека прераспределбата на Гроздановски не е поврзана со фактот што тој ја фотографираше погрешно испишаната табла, туку затоа што имало потреба од професионалец во поликлиниката Бит-пазар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе