Вести Македонија Топ вести

СДСМ објави имиња на уште пет кандидати за градоначалници

СДСМ вечерва објави имиња на уште пет кандидати за градоначалници, со што официјално се познати вкупно 35 имиња со кои социјалдемократите ќе ја бараат довербата од граѓаните на локалните избори во октомври.

Станува збор за кандидати за општините:

  • Неготино – Тони Делков;
  • Гази Баба – Борче Георгиевски;
  • Могила – Јасмина Гулевска;
  • Берово – Звонко Пекевски;
  • Ранковце – Даниел Крстевски.

Делков, Георгиевски, Гулевска и Пекевски се актуелни градоначалници и на изборите ќе се борат за нов мандат. Ранковце, пак, актуелен градоначалник е Ивица Тошевски кој пред четири години беше избран како независен кандидат.

Останатите 30 кандидати кои веќе официјално се познати, СДСМ ги објави на 13 јули, меѓу кои повеќето беа имиња на актуелни градоначалници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе