Балкан Вести Македонија Најважни

Бериша го обвини Рама и им се извини на сите Албанци на Македонија за задржувањето функционери на граница

Лидерот на албанската Демократска партија , Сали Бериша, во соопштение за медиумите остро го осуди задржувањето на функционери од партијата Влен од Македонија на граничниот премин Ќафасан.

За постапката, Бериша ги обвини премиерот на Албанија, Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бесфорт Љамалари.

  • Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од албанската партија Влен од Северна Македонија, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Северна Македонија и меѓународните конвенции. На 8 јули, координаторот на пратеничката група на Влен, пратеникот Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар во Владата на Северна Македонија, Хасим Муртезани, беа блокирани од страна на албанската полиција за дрога на граничниот премин Ќафасан. Сите тројца со дипломатски пасоши. Со нив се однесуваа и беа притворени како да се терористи, непријатели на албанската нација, а не чесни пратеници, претставници на Албанците во Северна Македонија, соседната земја, вели Бериша.

Извинувајќи се во име на Албанците на сите Албанци од Северна Македонија и на граѓаните на оваа земја, на Влен и на сите нејзини прретставници, Бериша посочи дека неговата партија ДП, најостро го осудува овој, како што вели, грд чин на Еди Рама и на неговиот антиалбански марионетски министер за внатрешни работи.

  • Овој чин е сериозен удар врз добрососедството со соседната земја и претставува вулгарен обид да се обвинат соседите и другите за најмоќниот граѓански младински протест во земјата во последните 35 години. Со овој чин, наркодиктаторот на Тирана се однесува во регионот на идентичен начин како Лукашенко од Белорусија и поранешниот диктатор на Венецуела, сега во лисици, Мадуро. Грдо дело. Му гарантирам на Еди Рама дека неговата казна е без спас, без враќање. Нека ги затвори границите од сите четири страни, но Албанците дефинитивно му го отсекоа патот, порача Бериша.

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран има нов план за атентат врз Трамп – порака од Израел до САД

Дејан Дејан

(Видео) Најразорниот пожар во Јужна Шпанија однесе жртви и има над 150 повредени, се бара помош за спас

Kristina Kuzmanovski

ВМРО – ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДСМ, Левица и ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе