Вести Култура

„ Приказната за Силјан“ освои две номинации за престижните американски телевизиски награди ЕМИ

Документарниот филм „ Приказната за Силјан“, на режисерката и продуцентка Тамара Котевска, доби две номинации за престижните американски телевизиски награди ЕМИ. Номинациите се за исклучителна вредност во документарното филмско творештво и за извонредна кинематографија за неиграна програма. Втората номинација е за директорот на фотографија на филмот, Жан Дакар.

Филмот е прв македонски документарец што лани во септември го откупи за прикажување престижниот дистрибутер „ Нешнал Џиографик Документари филм“.

Од светската премиера на фестивалот во Венеција во 2025 година , каде освои „ Награда на музита “ за најинспиративен филм вон конкуренција, до сега ова остварување доби 9 награди и 17 номинации и беше македонски кандидат за наградите Оскар во две категории : Најдобар странски филм и најдобар документарец.

Доделувањето на наградите ЕМИ по 78 пат, ќе се одржи на 14 септември во Пикок театарот во Лос Анџелес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе