Вистинска драма се случила на утринскиот лет на Рајанер од Солун кон Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, се случил веднаш по полетувањето.
Патници изјавиле дека најпрво слушнале силен тресок, по што пукнал еден од прозорците во патничката кабина.
По ова притисокот во кабината паднал и се активирале маските за кислород. Според очевидци, најкритичниот момент бил кога патникот кој седел до скршениот прозорец бил повлечен -тој со рамењата веќе бил надвор од авионот, кога патниците што седеле до него почнале да го влечат назад, меѓу кои била и неговата сопруга која го држела за нозете“, изјавиле очевидци за Радио Солун.
Патникот се спасил и зошто имал безбедносен појас, рекле сведоците.
Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, по што безбедно слетале.
Според последните информации, повредениот е Србин кој бил пренесен во болница со амбулантно возило поради повреда на вратот. Лекарска помош била укажана и на бремена жена.
