Вести Македонија Топ вести

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

На регионалниот пат Скопје–Тетово, во близина на село Ласкарци, пред два дена во 18:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило малолетен пешак.

Возилото го управувал А.А. (33) од село Сарај, скопско. Во несреќата малолетникот од село Ласкарци се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот е пренесен и лекуван во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е констатирана тешка повреда, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе