Над 12 луѓе загинаа во шумски пожар во Јужна Шпанија, додека 150 пожарникари се борат да го стават под контрола огнот, пренесува „Скај њуз“.
Антонио Санц, министер за итни служби го оцени пожарот како „најразорниот пожар досега во нашиот регион“ и ситуацијата ја опиша како „невидена трагедија“.
-Нашето најдлабоко сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија животите во Лос Гаљардос, а од сите нас им упатуваме поддршка на општините погодени од пожарот“, напиша претседателот на владата на јужниот шпански регион Андалузија, Хуанма Морено, на платформата „Икс“.
At least 12 people killed, 6 injured in Los Gallardos, Spain wildfire, officials say. pic.twitter.com/2jO5ve6o8C
— AZ Intel (@AZ_Intel_) July 10, 2026
