Израел сподели разузнавачки информации со Соединетите Американски Држави дека Иран неодамна смислил нов план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, ги пренесува CNN изјавите на два извори запознаени со ова прашање.
Еден од изворите рекол дека предупредувањето дошло оваа недела. Друг извор пак дека САД во последните недели добивале постојано разузнавачки информации за можни планови за атентат врз Трамп, но предупредувањето од Израел било ново и се однесувало на специфичен заговор.
Други американски претставници сугерираа дека израелскиот извештај би можел да биде обид да се влијае врз донесувањето одлуки на Трамп додека тој размислува дали да ја интензивира американската воена акција против Иран.
Деталите за заговорот за кој предупредива Израел не се баш јасни, а и два извори откриваат дека САД се уште не го провериле.
Владата на САД долго време предупредуваше дека Иран може да се обиде да го убие Трамп како одмазда за нападот со беспилотни летала во 2020 година што тој го нареди, во кој беше убиен врвниот ирански генерал, Касем Солејмани.
Запрашан за коментар за израелското предупредување, кое првпат го објави „Волстрит џурнал“, Белата куќа посочи на неодамнешните коментари на Трамп за желбата на Иран да го убие.
„Тие сакаат да го елиминираат американскиот лидер – мене“, им рече Трамп на новинарите во среда. „Јас сум на кој било список. Видов утрово дека сум на секој од нивните список. И досега, претпоставувам дека имав малку среќа, но можеби тоа не трае многу долго. Ова се зли, болни луѓе. И ние мора да го искорениме тој рак. Тој рак. Знаете што правите? Мора рано да го отстраните ракот. И така се чувствувам.“
