Украинските сили со беспилотни летала извршиле напади врз руски поморски цели во Азовското Море, при што, според украинските наводи, биле погодени 24 танкери, фериброд и еден товарен брод.
Командантот на украинските сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, изјави дека танкерите се дел од руската „флота во сенка“ – мрежа на стари бродови кои Москва ги користи за транспорт на нафта и заобиколување на меѓународните санкции.
Нападите се дел од украинските операции насочени кон ограничување на руските логистички линии кон Крим и јужните делови на Украина под руска контрола.
Киев тврди дека во последните 96 часа погодил десетици руски бродови во Азовското Море.
