Летниот распуст традиционално се поврзува со безгрижно детство, игра на улица, дружење и време без училишни обврски. Но, за многу семејства денес, тој период изгледа сосема поинаку.
Додека родителите се на работа и секојдневно се борат со работни обврски и економски притисоци, децата често остануваат сами дома. Без доволно системска поддршка, без организирани летни кампови, дневни центри или сигурни школски летни активности, тие слободни часови сѐ почесто се пополнуваат со електрични уреди.
Телефонот, таблетот или компјутерот стануваат главна забава, но и главен „чувар“. Со тоа се отвора нова реалност: децата поминуваат сѐ повеќе време онлајн, а сѐ помалку во реална социјална интеракција, игра и движење.
Во таа празнина се јавуваат и други прашања. Од безбедноста кога детето е само дома, до онлајн ризиците и содржините на кои што може да биде изложено без надзор. Паралелно, психолозите предупредуваат на последици како зголемена досада, анксиозност и губење на секојдневна структура кај децата.
Ова не е само прашање на навика, туку на систем, на можности и на време во кое расте една нова, дигитална генерација.
ТЕМА: Што навистина се случува со децата во лето кога нема кој да ги чува?
АНКЕТА: Дали денешните деца навистина растат слободно во лето? Да/Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
