Македонија Топ вести

Рекордни 320 километри на час регистрирале полициските радари на македонски автопат

Македонските возачи ги рушат црните рекорди на патиштата низ државата. Деновиве радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час, а исто така, надминат е рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,74 промили алкохол. Вчера претпладне во акција на полицијата на цела територија на државата, регистрирани се 400 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а дури 230 возачи биле во алкохолизирана состојба, од нив 30 во Битола. Нема старосна граница во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекнати возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.

Загрижувачка, а јас  би рекол дека е застрашувачка ситуацијата кога на радар ќе фатите некој што вози со брзина поголема од 300 км на час, тоа не е нормално. Или кога ќе измериме на дрегер дека консумирал алкохол 3, 74. Тој човек не може да оди, а не да вози. Затоа мора да работиме на свеста. МВР и РСБСП работат, но мора сите институции да работат, ова се учи од најмали нозе, вели Тони Ангелевски од МВР.

Со оглед на фактот што најголем број на сообраќајни незгоди со жртви се случуваат во јуни и јули, кога има поголема раздвиженост на населението, републичкиот совет за безбденост во сообраќајот заедно со МВР спроведуваат кампања „Вози одморен“.

Сообраќајните незгоди каде предизвикувач е замарот се фатални. Покрај заморот, важен фактор за случување на сообраќајните незгоди се големата брзина и возачите под дејство на алкохол. Апелирам до сите учесници во сообраќајот да го зголемат вниманието и одговорноста, да ги почитуваат правилата и прописите за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, вели Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

Возачите не ги почитуваат правилата и прописите и прават прекршоци, и покрај секојдневните контроли на полицијата. Лани во државата имало 125 жртви во сообраќајни незгоди. Икао оваа бројка статистички е најмала, сепак, од МВР велат дека со засилените контроли и акции целта е да се намали бројот на жртвите во сообраќајни незгоди.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе