Вести Македонија Топ вести

Одбраната на Камчев смета дека му се врши судска репресија со одлуката да остане во Шутка и покрај позитивното мислење на обвинителството

Со потпис на 4 адвокатски канцеларии кои се дел од одбраната на обвинетиот Орце Камчев, застапниците на притворениот бизнисмен сметаат дека се врши репресија со најновата одлука на Апелациониот суд во Скопје да се одбие гаранција од речиси 5 милиони евра и покрај тоа што Вишото јавно обвинителство смета и дозволи да му се смени затворскиот со домашен притвор.

-Сето она кое ние како одбрана и јавноста го следиме и сведочиме повеќе од четири месеци за овој случај можеме јасно да заклучиме дека се работи за веќе видливо неоснована репресија врз г-динот Камчев, личен анимозитет кон г-динот Камчев како и класична тортура која веќе секако беше потврдена и од Народниот правобранител, се наведува во соопштението.

За адвокатите на Камчев, одлуката да му се продолжи притворот е небулозна бидејќи обвинителството веќе оценило дека нема потреба од обвинетиот да биде во притвор.

-Во ситуација кога подносителот на обвинението, односно јавното обвинителство, кое ја отпочнало самата кривична постапка и истата ја довело до судска постапка, смета дека повеќе не постојат причини и потреба да му бидат строго ограничени слободите и правата на обвинетиот, судот не би смеел да ја оценува волјата и ставот на јавното обвинителство и да одлучи единствено на штета на обвинетиот. Оттука,  целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа, се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со г-динот Камчев, велат од адвокатските канцеларии Наумов, Менкиносвки и партнери; Савиќ; Еленко Миланов и Гоце Ристески.

Како што вчера објави Телма, на 9-ти јули апелационите судии оцениле дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега, а навеле и дека здравствената состојба на обвинетиот кој неколку дена лежеше на кардилогија „не може да доведe до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.

Ниту кеш ниту куќата со Луј Витон од „Рекет“ ниту проблемите со срцето не беа доволни Апелација да го пушти Камчев од Шутка со речиси 5 милиони евра гаранција

Барањето за замена со поблага мерка судот го оценил како неоснован, затоа што судиите сметаат дека „присуството на обвинетиот претставува услов за брзо, непречено и ефикасно спроведување на постапката и не може да биде обезбедено со друга мерка“ освен со затворски притвор.

Адвокатите пак тврдат дека Камчев има долга историја на кардиваскуларни болести што како предлог за замена на мерката му е отфрлено од Апелациониот суд.

-Г-динот Јордан Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува бидејќи во КПУ Затвор Скопје не постојат соодветни медицински и санитарни услови за третирање на конкретната здравствена состојба.  Пред само неколку денови, г-динот Камчев, пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Г-динот Камчев има фамилијарен историјат на кардиоваскуларни заболувања, самиот тој за истата здравствена проблематика практикува терапија од својата 15 годишна возраст. По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје, соопштија од правната одбрана на Камчев.

Камчев досега понуди највисока гаранција, 4,4 милиони евра во недвижности во Скопје, Делчево и Маврово, како и 400 илјади евра во кеш. Судењето за случајот „Плацеви на Водно“ е закажано да почне на 16-ти јули (во петок).

Покрај Камчев обвинети се неговата мајка Ратка Камчева, Никола Груевски, Сашо Мијалков и Ристо Новачевски, којшто е кум на екс премиерот Груевски, а се товарат за перење пари од непријавени донации на партијата ВМРО-ДПМНЕ кои биле искористени за купување имот на Водно за избеганиот поранешен премиер Груевски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе