Едно лице загина а три други се повредени во сообраќајна незгода која поладнево се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“.
Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно.
Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек.
Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
