Македонија Топ вести

Кјучуков: Прашањето за јазикот е решено, да се дефинира поимот „заедничка историја“

Очигледно е дека има проблем меѓу Македонија и Бугарија и тој проблем им штети и на двете држави, но и на целиот балкански регион и на ЕУ, вели поранешениот заменик министер за надворешни работи на Бугарија Љубомир Кјучуков. Единствениот начин проблемот да се реши е преку политичкиот дијалог, и поради тоа Кјучукиов предлага прво да биде дефиниран поимот „заедничка историја“.

„Основниот проблем кој, според мене, треба да биде решен е дефинирањето на поимот „заедничка историја“, кое е содржано во Договорот за добрососедство. Да се дефинира како содржина и како период, во години. Тоа не може да биде направено од историската комисија, тоа може да биде направено само на политичко ниво. Прашањето за јазикот е решено во двостраниот договор, таму има формулација во однос на јазикот. Сите останати прашања се лесно решливи, смета Кјучуков.

За да започне политичкиот дијалог, потребно е двете страни да прекинат со говорот на омраза, вели тој и изрази уверување дека новата влада веднаш ќе биде подготвена да започне таков дијалог.

Во врска со утрешните избори во Бугарија, Кјучуков вели дека кој и да победи едно е јасно, ГЕРБ на Борисов повеќе нема да владее. Неизвесно е дали „Има таков народ“ на Слави Трифонов ќе успее да состави влада бидејќи нема да го има потребното мнозинство. Кјучуков не ја исклучува можноста да има малцинска влада со Трифонов како мандатар, но во најголем дел составена од експерти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе