Девојче на предучилишна возраст било злоупотребувано и малтретирано од сопствениот татко во Куманово. Откако по пријава од роднини, полицијата го открила малтретирањето, детето сега веќе е под грижа на центарот за социјални работи. Кумановското обвинителство претпладнево го објави овој случај во кој наведува дека е отворена истрага против 39 годишниот татко за две кривични дела Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и Детска порнографија.
Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете , негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица.
По барање на обвинителот поради опасност од бегство и повторување на делото, кумановскиот суд му определил 30-дневне притвор на оосомничениот татко. За жртвата, за малото девојче грижата е преземена од страна на социјалните работници. Такткото инаку бил самохран родител, а мајката пред извесно време го напуштила семејството, се развела и заминала од градот.
Врз детето се извршени прегледи и вештачења и сега е заштитено надвор од Куманово. Девојчето посетувало згрижувачка институција, но не било забележано дека има некаков проблем со здравјето и траги од малтретирањето. Обвинителството и центарот за социјални работи соработуваат во истрагата за расветлување на сите детали од настанот, а се се работи со внимание за да не се изврши дополнителна виктимизација на малечката жртва и таа да биде заштитена по траумите кои и се случувале изминатите денови.
Миомир Серафиновиќ
