Нетипична и непозната инфекција на дишните патишта кај децата во лето, се појави на југот на земјата. Докторите смируваат – очекувана е оваа состојба.
Сѐ oва се должи на т.н.’ заспан имунолошки систем’ кај децата, односно, резултат на помалку контакти со бактерии поради носењето маски и честата дезинфекција.
Токму заради сѐ ова, тим од педијатри по налог на Министерството за здравство, а предводен од доктор Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести, дојде да направи увид во болницата каде што изминатиот месец се запишани дури 50 случаи на инфекција кај деца од Гевгелија и околината.
Не е исклучено дел од инфицираните деца да биле во директен контакт, а докторите се загрижени за брзиот пренос на инфекцијата.
Брисеви од децата се испратени на секвенционирање во лабораторијата на МАНУ за и официјално да се исклучи можноста дека сѐ ова е резултат, односно, последица на некоја од мутациите на коронавирус.
Петар Догов
