Македонија

Децата жртви на брачните односи, и тоа се одразува врз нивното ментално здравје

Расте трендот на дојави  од деца на SOS телефонската линија на „Меѓаши“ , во првите 6 месеци од оваа, во однос на минатата и предминатата година. Од 151 дојава годинава, упатени од 223 деца, најмногу поплаки имало поради нерасчистени брачни односи во кои колатерална штета се најмладите и тоа им се одразува врз менталното здравје .

Петта година по ред со висок процент од 32% или 98 деца талкаат во нерасчистени меѓубрачни односи , нефункционални родителски одговорности, непостапување по основ на Центарот за социјална работа и ЦСР со многу високи ингеренции не може да го оствари правото на видување на детето со вториот родител, вели Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада Меѓаши.

Децата се отуѓуваат од родителите, а за време на пандемијата главниот старател ја злоупотребувал можноста да  го спречи детото да го види другиот родител.  Детстаката амбасада  за прв пат регистрирала 8 деца (или 2% од дојавите) , кои доброволно или не, биле грабнати од еден од родителите. Тоа е индикатор дека системот е нефункционален и покрај законската можност родителите да се договорат.

Центарот за социјална работа треба да биде клучен фактор во тоа да му овозможи на детето подеднакво и според препораките на Комитетот за правата на детето, да остварува подеднакво право на видување со двата родители, смета Змијанац.

Потребно е доекипирање на ЦСР, но и зголемување на бројот на обуки за вработените, смета оператерката на SOS телефонот, Јулијана Велковска.

Втор проблем или 27% од дојавите биле за насилство врз децата, на трето место или 19% од  јавувањата сеза непристапност на децата до образование и здравствената заштита, а на четврто место со 10% се пријавите за проблеми со менталното здравје, како последица на брачните односи.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе