Македонија Најважни

“Заспаниот имунитет” на 50 деца од Гевгелија им донесе инфекција на дишните патишта

Нетипична и непозната инфекција на дишните патишта кај децата во лето, се појави на југот на земјата. Докторите смируваат – очекувана е оваа состојба.

Сѐ oва се должи на т.н.’ заспан имунолошки систем’ кај децата, односно, резултат на помалку контакти со бактерии поради носењето маски и честата дезинфекција.
Токму заради сѐ ова, тим од педијатри по налог на Министерството за здравство, а предводен од доктор Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести, дојде да направи увид во болницата каде што изминатиот месец се запишани дури 50 случаи на инфекција кај деца од Гевгелија и околината.
Не е исклучено дел од инфицираните деца да биле во директен контакт, а докторите се загрижени за брзиот пренос на инфекцијата.
Брисеви од децата се испратени на секвенционирање во лабораторијата на МАНУ за и официјално да се исклучи можноста дека сѐ ова е резултат, односно, последица на некоја од мутациите на коронавирус.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе